Порошенко вети дека ќе ги штити правата на Кримјаните

Петро Порошенко објави на Твитер дека „со сите средства“ ќе ги штити правата на Кримјаните и дека Украина никогаш нема да се откаже од своите суверени права на полуостровот.

Претседателот на Украина Петро Порошенко вети дека „со сите средства“ ќе ги штити правата на луѓето кои живеат на Крим, како и дека Украина никога нема да се откаже од своите суверени права на полуостровот. Ова беше објавено на неговиот профил на Твитер.

Порошенко во својата изјава потенцира дека референдумот за присоединувањето на Крим кон Русија „беше ништо друго освен фарса, организирана за да се прикрие отворената агресија на Русија против Украина“.

„Нашата држава во никој случај не ги признава резултатите од тој ништожен чин, реализиран спротивно на меѓународното право и националното  законодавство на Украина. Дотолку повеќе што поголемиот дел од жителите на Крим, пред сѐ кримските Татари и Украинците, искажаа активен бојкот на тоа политичко шоу со тоа што ја зачуваа својата лојалност на Украина“, изјави украинскиот лидер, додавајќи дека „цивилизиран развој на Крим (...) е можен само во составот на независна и неделива Украина“.

Исто така, Порошенко изјави дека украинските власти ќе ја завршат работата „за враќање на правата на сопственост со посредство на меѓународните судови“.

Крим влезе во состав на Русија во март 2014 година по референдумот на кој, според официјалните податоци, над 96 проценти од жителите на полуостровот искажаа поддршка на таа одлука. Киев и западните земји не го признаа гласањето за легитимно, по што во односите со Русија беа воведени низа санкции, меѓу кои и економски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.