Во Советскиот Сојуз беа создадени голем број анимирани ремек-дела кои станаа познати во цел свет. Повеќето од нив настанаа во московското студио „Сојузмултфилм“. Таму е направен најдобриот цртан филм на светот за еже кое лута во магла (омилен лик на денешниот познат јапонски аниматор Хајао Мијазаки). Оттаму потекна трогателната приказна за бушавото животинче со големи уши и неговиот пријател крокодил. Таму беа направени стотици цртани филмови со кои пораснаа неколку генерации советски граѓани.
Старицата Шапокљак, Чебурашка и крокодилот Гена
Роман Качанов/Союзмультфильм,1974Студиото е отворено во 1936 година. Со одлука на властите сите студија за анимација во Москва беа обединети во едно. Се смета дека иницијатор бил лично Сталин. Зградите во кои беа сместени одделенијата на „Сојузмултфилм“ порано припаѓаа на православни цркви кои советската влада ги затвори.
„Сојузмуљтфиљм“ на улицата „Долгоруковска“
Gennady Grachev (CC BY 2.0)Во првите години од своето постоење, студиото се развиваше според каноните на Дизни. Во 1935 година во Москва се одржа меѓународен филмски фестивал, на кој беа прикажани „Лудите симфонии“ на Волт Дизни.
Кадар од првиот цртан филм „Во Африка е жешко“
Дмитрий Бабиченко, Александр Беляков/Союзмультфильм, 1936Тоа остави силен впечаток на советските аниматори. Филмот на Дизни од серијата „Луди симфонија“ не се вклопуваше во ниедна рамка на вообичаената свест“, се присетува режисерот на студиото „Сојузмултфилм“ Фјодор Хитрук, кој работи таму од основањето.
Фјодор Хитрук
Василий Малышев/SputnikТокму со американските прирачници на Дизни „Сојузмуљтфилм“ ги школува своите аниматори: „Колку и да звучи жално, меѓутоа сите ние во прво време во новото студио се најдовме во заточеништво на методот на Дизни, бевме принудени да ја копираме не само технологијата, туку и некои принципи на создавањето и движењето на ликовите“, изјави режисерот на студиото Иван Иванов-Вано.
На почетокот тоа беа исклучиво краткометражни филмови, а потоа започна развојот на нови техники и жанрови.
Работа над филмот „Трите мечиња“, режисер Роман Давидов (седи)
TASSНа пример, со студиото почнаа да соработуваат театарски актери. Не само што им ги позајмуваа своите гласови на јунаците, туку и се снимаа, како во играните филмови, а потоа аниматорите врз основа на тие снимки создаваа движења на цртеж (т.н. метод „еклер“). Така, меѓу другото, настанаа „Бармалеј“, „Мојдодир“ и „Лимпопо“.
Аниматорот на „Сојузмултфилм“ Гелиј Аркадјев
Валерий Христофоров/TASSЗа време на Втората светска војна студиото извесно време се преориентира на правење агитациски „кино-плакати“ за кревање на борбениот дух, но брзо ја остави таа работа.
Аниматорот И. Собинова-Касиљ
Людмила Пахомова/TASSСтудиото е евакуирано во Узбекистан, каде соработниците мораа да живеат во тешки услови. Од филмската лента извесно време дури мораа да прават копчиња и чешли. Но, дури и во услови на недостиг на храна, греење, материјали и соработници, „Сојузмултфилм“ продолжи да прави цртани филмови.
„Приказна за едно злосторство“
Фёдор Хитрук/Союзмультфильм, 1962Веќе кон крајот на војната студиото разви свој стил, своја препознатливост. Почнува да го напушта филмскиот јазик на Дизни и да прави свои филмови со кукли (кога во снимањето се користат кукли-актери). Куклените анимирани филмови ги освоија не само советските деца, туку и странските гледачи.
Режисерот Иван Уфимцев на снимањето на филмот „Како да лекувате питон“
Людмила Пахомова/TASSПо успехот на „Снежната кралица“ 1957 година во Венеција, римскиот папа ги повика верниците да гледаат советски цртани филмови во кои има најмногу добрина и хуманост.
Леонид Шварцман, режисер на филмовите за Чебурашка и крокодилот Гена
Владимир Родионов/SputnikВистинската „златно доба“ студиото „Сојузмултфилм“ ја доживеа во периодот од 1970-тите до средината на 1980-тите.
Во тоа време се појавија најпознатите цртани филмови, од „Волкот и зајакот“ (во оригиналот: „Ну, погоди“) до „Крокодилот Гена“. Студиото станува најголемо во Европа, во него работат преку 500 луѓе и се прават преку 1000 филмови.
Актерите Анатолиј Папанов и Клара Румјанова ги позајмуваат гласовите на волкот и зајакот во филмот „Ну, погоди!“
Јавен доменФјодор Хитрук вели дека за студиото е биран најдобриот кадар и дека се водело сметка за „подносливи услови“ за живот и работа.
На снимањето на филмот „Петја и волкот“
TASS„И не треба да се заборави дека цензурата не нé гибаше нешто посебно. Имаше неколку бесмислени ситуации, кога упорно бараа да се смени премногу песимистичкиот крај на филмот, но тоа беа ситници. „Сè на сè, немаше изживување и бевме релативно слободни“, велеше тој.
Во 1969 година се појави легендарната советска филмска адаптација на бајката на Алан Милн за мечето Вини Пу, која стана најцитираното дело во целата историја на студиото. Авторот на верзијата на Дизни, Волфганг Рајтерман, призна дека советската мечка-филозоф му се допаѓа многу повеќе од сопствената.
Истата година студиото го направи и најдобриот анимиран филм на сите времиња и народи според анкетата на 140 аниматори и филмски критичари од различни земји. Тоа беше „Еже во магла“ од Јуриј Норштајн. Магичниот цртан филм за пријателството и стравот собра 35 награди ширум светот.
Познатиот руски аниматор Јуриј Норштајн
Е.Стопалов/SputnikТешкотиите за студиото настанаа во 1990-тите, кога се најде пред затворање. Оригиналната, неповторлива естетика на советската школа не наиде на добар прием во споредба со западната анимација, која масовно навлегуваше на екраните. Дополнително, „Сојузмултфилм“ преживеа дури и обид за насилно преземање и продукцијата одредено време беше речиси целосно запрена.
„Сојузмултфилм“ денес
Сергей Киселев/Moskva agencyДури откако во 2011 година во пресрет на 75-годишнината од студиото руските аниматори објавија обраќање до претседателот, молејќи го да обрне внимание на тешката ситуација во студиото, тоа беше реформирано и му беа доделени средства. Оттогаш во принцип студиото сврте нова страница, иако ги задржа сите права на својот златен фонд. „Сојузмултфилм“ се пресели во нова зграда и спроведе сеопфатна техничка модернизација.
„Сојузмултфилм“ денес
Сергей Киселев/Moskva agencyПокрај авторски краткометражни филмови, колективот на студиот се нафати и на производство на серии. Притоа не беше заборавена ни традицијата на куклени филмови. Имено, студиото го направи долгометражниот куклен филм „Хофманијада“, над кој работеше речиси 15 години.
„Хофманијада“
Станислав Соколов/Союзмультфильм, 2018
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче