САД сакаат војна, не сфаќајќи дека Русија е способна за одговор

Конгресмените кои се за испорака на оружје на Украина не ги земаат предвид катастрофалните последици од таквата одлука, вклучително и можниот одговор од страна на Москва, изјави Јуџин Румер, директор на програмите за истражување на Евроазија на Институтот „Карнеги“ во интервју за Спутник.

Американските конгресмени кои се залагаат за испорака на оружје на Украина, не ги земаат предвид катастрофалните последици од таквата одлука, вклучително и можниот одговор од страна на Москва, изјави Јуџин Румер, директор на програмите за истражување на Евроазија на Институтот „Карнеги“во интервју за Спутник.  

„Нема никакво сомнение дека тоа е (можната испорака на американско смртоносно вооружување за Киев) инструмент за индиректна војна против Русија“, смета експертот. Приврзаниците на испораката на воена техника за Украина, според негово мислење, не ги земаат предвид можните последици на таквата одлука, вклучително и реакцијата на Русија, и се концентрирани на основната задача – водење војна против Москва со рацете на војниците на украинската армија која се наоѓа под далечинска контрола на Вашингтон.

Членот на аналитичкиот центар Brookings Institution Џереми Шапиро смета дека воена помош од таков вид ќе биде оквалификувана како чин на агресија на Западот против Русија со катастрофални последици за односите меѓу двете држави. „Подготвени ли сме ние (САД) за војна против нуклеарна држава поради Украина?“, се сомнева американскиот политиколог.

Друг соговорник на Спутник, политичкиот колумнист Џорџ Капопопулос смета дека дипломатското решение на конфликтот на југоистокот на Украина во рамките на Минскиот договор ќе биде невозможно ако Барак Обама го поддржи предлог-законот за испорака на смртоносно вооружување.

„Ако таков голем играч како САД преферира воена опција, тогаш сите останати држави вмешани во процесот ќе појдат по истата линија, откажувајќи се од дипломатските инструменти“, изјави експертот. Сепак таквата одлука ќе претставува голем ризик за европската безбедност и за властите во Европската Унија.“

Според него, реализацијата на Минскиот договор зависи од тоа колку членките на „Нормандиската четворка“ се способни да влијаат на страните во конфликтот. Ако Русија може да влијае на политиката на властите на самопрогласените републики, во ситуацијата со киевската влада степенот на авторитет на Берлин и Париз не е до крај јасна, затоа што се можни и „директиви“ од други држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.