ФК „Барселона“ ќе отвори фудбалски камп за деца во Сочи

Фудбалскиот клуб „Барселона“ ќе отвори во Сочи тренинг-камп за деца, се вели во соопштението за печатот објавено на официјалниот сајт на клубот.

Фудбалскиот клуб од шпанската Примера „Барселона“ ќе отвори во рускиот град Сочи камп за обука за деца, се вели во соопштението за печатот објавено на официјалниот сајт на клубот од главниот град на Каталонија. Освен во Сочи, бордот на директори на „Барселона“ исто така донесе одлука да отвори оваа година детски школи во Токио и Копенхаген.

Во моментов спортските школи на „Барселона“ работат во Шпанија, Ирска, Англија, САД, Јапонија, Италија, Хрватска и Луксембург. Школите примаат деца на возраст од 7 до 15 години.

Во Сочи се планира отворање на тренинг-камп на тимот, чиј курс за обука, како по правило, е предвиден за една недела. Во седиштето на зимската Олимпијада 2014 погонот за младите фудбалери ќе се состои од два кампуса. Вистина, засега е неизвесно колкав број на деца ќе може да прими базата за тренинг и по кој принцип ќе ги одбираат учениците.  

Тренинг-кампот на „Барселона“ не е првиот центар за обука на деца во Русија под етикетата на овој врвен клуб. Во Москва работи филијалата на детската академија на амстердамскиот „Ајакс“ Ajax Camps, каде тренираат деца од 6 до 12 години.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња