Путин со Советот за безбедност на РФ за решението за Украина и тероризмот на ИД

Прашањата за решението за југоистотокот на Украина, како и проблемот со „Исламската држава“ беа дискутирани денеска меѓу Владимир Путин и Советот за безбедност на РФ, пренесува ТАСС.

Прашањата за решението за југоистокот на Украина, како и проблемот со терористичката активност на „Исламската држава“ беа детално дискутирани на денешниот состанок на претседателот на Русија Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност на РФ. Соопштението од прес-секретарот на претседателот го пренесува ТАСС.

„На состанокот имаше детална дискусија за Минскиот договор за решавање на ситуацијата на југоистокот на Украина што беше потпишан минатата недела заедно со веќе одржаните телефонски контакти во „Нормандиски формат“, како и во контекст на планираните во најскоро време нови консултации“, изјави тој.  

„Членовите на Советот за безбедност на РФ одлучно го осудија последното варварско убиство во Либија на египетските христијани од страна на терористите од ИД“, рече прес-секретарот. 

„Во текот на состанокот беше акцентирано дека особена вознемиреност предизвикува континуираното ширење на територијата на терористички дејствија на ИД и на исламскиот екстремизам во целина“, истакна Песков.

Беа исто така разгледани и низа прашања од внатреруска агенда, изјави прес-секретарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња