МНР РФ: Киев ја искривува смислата на мировниот договор од Минск

Москва е вознемирена затоа што Киев и низа запади држави почнаа да ја искривуваат смислата на мировниот договор од Минск, соопшти Министерството за надворешни работи на РФ.

Официјална Москва е вознемирена затоа што Киев и низа запади држави почнаа да ја искривуваат смислата на мировниот договор од Минск, соопшти Министерството за надворешни работи на РФ.

„Предизвикува длабока вознемиреност тоа што официјалните претставници на украинската страна, пред сѐ министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин, како и низа западни држави, пред сѐ САД, во суштина демонстрираа согласност со гледиштето на радикалните националисти од Врховната рада и почнаа да ја искривуваат смислата на договорот од Минск, што ја доведува во прашање реализацијата на конкретните одредби од документот кој беше одобрен од лидерите на Русија, Германија, Франција и Украина“, се вели во соопштението на рускиот надворешнополитички ресор.

МНР РФ истакнува дека, од друга страна, „изјавите на претставниците на Донецк и Луганск укажуваат на нивниот одговорен однос кон исполнувањето на преземените обврски“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња