Белата куќа: САД сакаат да ја изолираат РФ од донесувањето решение за Украина

САД имаат за цел да го изолираат раководството на Руската Федерација од донесувањето решение затоа што раководството на РФ наводно ја дестабилизира ситуацијата на југоистокот на Украина, изјави официјалниот претставник на Белата куќа Џош Ернест. Поддршката од Америка за украинската страна подразбира пружање воена помош.

Администрацијата на САД има намера „да ја изолира Русија од постапки“ кои, според нејзиното мислење, пречат за мирно решвање на кризата во Украина, изјави во вторникот официјалниот претставник на Белата куќа Џош Ернест. „Ние постојано вршиме проценка на нашата стратегија во Украина“, изјави тој, а пренесува РИА Новости.

 Според него, во наведениот случај Вашингтон има две цели. „Како прво, тоа е изолација на политичкото раководство на Русија од постапки кои ја дестабилизраат ситуацијата во Украина. Покрај тоа, тоа е поддршка на нашите пријатели во Украина во толку тешко време“, додаде Ернест.

Според зборовите на претставникот на Белата куќа, таквата поддршка особено подразбира пружање „несмртоносна“ воена помош и кредитирање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња