Горбачов: се заканува „жешка војна“ сo САД

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека меѓу Русија и САД отворено се води студена војна, која може да премине во „жешка“. За ова изверстува „Интерфакс“.

Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека меѓу Русија и САД отворено се води студена војна, која може да премине во „жешка“.  За ова изверстува „Интерфакс“.

Според политичарот, Вашингтон ја стави Москва во опозиција, „обидувајќи се отворено да ја реализира својата генерална идеја за триумфализам“.

„За жал, веќе не можам со сигурност да кажам дека студената војна нема да доведе до „жешка“ војна. Се плашам дека САД можат да рискираат, додаде Горбачов.

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз исто така потсети на антируските санкции од страна на Западот. „Сега само слушаме од Америка, од Европа за санкции против Русија. Зарем сосем ја изгубиле главата?“ забележа тој.

На почетокот на јануари Горбачов зборуваше за заканата од војна во огромен размер во Европа, поврзана со украинската криза. Политичарот исто така ја повика Германија да не се вмешува во сиутацијата околу Украина.

Во декември 2014 година Горбачов им советуваше на Русија и САД да одржат самит за „одмрзнување“ на односите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.