САД ја обвини Русија за прекинот на примирјето во Донбас

Стејт департментот на САД е убеден дека Украина се придржува до примирјето и дека проруските борци не ги исполнуваат обврските од Минската спогодба. Затоа за таквиот развој на ситуацијата одговорноста мора да ја сноси Русија, изјави официјалниот претставник на Стејт департментот Џенифер Саки.

„Ние сме, како и претходно, длабоко загрижени поради зголемувањето на насилството и крвопролевањето на истокот на Украина до кое дојде поради нарушувањето на примирјето од страна на сепаратистите кои ги поддржува Русија“, рече Саки. „Украина се придржува до режимот на прекин на огнот, но сепаратистите одговараат со насилство: од почетокот на декември извршија  9.000 напади, во кои во текот на последните 9 дена загинаа 262 лица.“  

Претседателот на РФ Вларимир Путин ноќта меѓу 15. и 16. јануари му испрати на претседателот на Украина предлог за запирање на артилерискиот оган и повлекување на тешката артилерија од линијата на судирот, по што Москва би се обврзала да ги убеди руските борци да се согласат на примирје заради зачувување на животите на цивилите. Киев го одби планот без да предложи никаква алтернатива. Веќе на 18. јануари украинските власти издадоа наредба за масивен напад на Донецк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња