Руски рапер уапсен во САД поради руското знаме

Рускиот рапер Тимати бил уапсен во САД поради истакнување на руското знаме на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес. Ова беше објавено на профилот на пејачот на Instagram.

Рускиот рапер Тимати бил уапсен во САД поради истакнување на руското знаме на знакот „Холивуд“ во Лос Анџелес. Ова беше објавено на профилот на пејачот на Instagram.

Тимати објави видео со натпис: „20 минути пред да се качиме до буквите, го истакнавме знамето и нѐ уапсија.“ На почетокот на видеото Тимати ја држи в раце руската тробојка, потоа камерата се оддалечува и може да се види знакот на Холивуд. Како музика за видеото послужи композицијата „Калинка“.

Тимати стана познат по учеството во телевизискиот проект „Фабрика на ѕвезди 4“ во 2004 година. Подоцна артистот соработуваше со многумина руски и странски изведувачи, меѓу кои и Снуп Дог, Баста Рајмс, Крег Дејвид и други. Во јуни 2012 година раперот го објави клипот „АјдеДогледање“ (рус. ДавайДосвидания) кој собра на YouTube повеќе од 27 милиони прегледи. Во ноември 2014 година беше потпишан указ со кој на Тимати му беше доделено звањето „Заслужен уметник на Република Чеченија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња