Британска компанија ги обнови услугите за руски туристи во Швајцарија

Британската компанија OTP Holidays, специјализирана за ски-туризам во Швајцарија, ја повлече забраната за давање услуги на Руси. Оваа точка беше отстранета од описот на услуги за клиенти на сајтот на компанијата, откако на 19 јануари медиумите соопштија дека одбива да им продава ски-пас на државјани на Русија поради ситуацијата во Украина.

„Ве молиме да обрнете внимание дека поради ситуацијата во Украина не можеме да примаме резервации од Русија. Таквите резервации ќе бидат повлечени, а парите вратени“, беше наведено во договорот.

Ова не е прв случај на дискриминација на рускојазични туристи во Европа.  Во април минатата година сопственикот на хотелот со четири ѕвездички „Бриони“ во Чешка забрани престој за руски туристи во хотелот поради присоединувањето на Крим кон Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.