Пушков ја обвини Европа за премолчување на терористичкиот напад во Одеса

Претходно Пушков го обвини претседателот на Украина Петро Порошенко за непреземање акции и истрага околу терористичкиот напад во Одеса.

Шефот на Комитетот за меѓународни прашања во Државната дума Алексеј Пушков изјави дека европските власти заборавиле за терористичкиот напад извршен во Одеса, напиша Пушков на својот профил во Твитер.

„Европа целосно се солидаризира со жртвите на терористичкиот напад во Париз. Но Европа упорно и красноречиво молчи за жртвите на терористичкиот напад во Одеса“, се кажува во пораката.

Претходно Пушков го обвини претседателот на Украина Петро Порошенко за непреземање акции и истрага околу терористичкиот напад во Одеса.

Во мај минатата година во Одеса во Домот на синдикатите како резултат на пожар загинаа активистите на „антимајдан“, кои се криеја од радикалите на „Десен сектор“. Според официјалните податоци, загинаа 48 лица, а повеќе од 200 настрадаа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња