Премиерот на Украина Арсениј Јацењук во интервју за германскиот телевизиски канал ARD изјави дека Русија се обидува да ја препише историјата на Втората светска војна.
„Руската агресија во Украина е напад на светскиот поредок и поредокот во Европа. Сите добро ја паметиме инвазијата на СССР во Германија и Украина. Ние не треба да дозволиме да се случи такво нешто. Никој нема право да ги препишува резултатите од Втората светска војна, а имено тоа се обидува да го направи рускиот претседател Путин“, забележа Јацењук.
Претходно се обзнани дека хакерската група „Киберберкут“ ги блокирала интернет-страниците на германската канцеларка и германскиот парламент. Според зборовите на хакерите, кибер нападот е направен поради одлуката на европските власти да даваат кредити на Украина. Според зборовите на хакерската група, тие пари нема да бидат искористени за повторна изградба на Донбас, туку директно за воените акции на Киев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче