Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања во Државната дума Алексеј Пушков смета дека Брисел ќе се откаже од санкциите веднаш штом увиде дека намерата за изолација на Русија е илузорна. „Основањето на Евроазиската економска унија, активирањето на БРИКС и идното проширување на Шангајската организација за соработка ја исклучуваат можноста за изолација на Русија. Тоа е ’невозможна мисија’. Обама тоа ќе мора да го признае“, напиша Пушков на својот Твитер.
„Што побргу Европската унија стане свесна дека изолацијата на Русија е илузорна, толку побргу ќе се откаже од политиката на санкции“, напипа Пушков, додавајќи: „На Европа не ѝ е потребна нова ’студена војна’, туку ново попуштање“.
Пушков исто така напиша дека се согласува со зборовите на чешкиот претседател Милош Зема, кој го нарече премиерот на Украина Арсениј Јацењук „воен премиер“. „Според зборовите на чешкиот претседател Милош Земан, Јацењук е ’воен премиер“, а Мајдан не е ’никаква демократска револуција’“, напиша Пушков на својот Твите профил.
Претседателот на Чешка Милош Земан на 3 јануари во интервју за весникот „Pravo“ изјави: „Според изјавите на премиерот Јацењук, ми се чини дека тој е сега ’воен премиер’, бидејќи не сака мирно решавање на проблемите, како што препорачува Европската комисија. Тој проблемите сака да ги реши со примена на сила“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче