![]() |
Одлуката на ОПЕК влијаеше на руската економија |
Производството на нафта во Русија во 2015 година ќе остане на истото ниво како и во 2014 година, односно 525 милиони тони, изјави министерот за енергетика на Русија Александар Нова, а пренесува „Газета.ру“.
Притоа, инвестициите во преработката на нафта во 2014 година пораснале за 11,5%, до 290 милијарди рубљи.
Во 2015 се планира отворање на уште 15 капацитети за преработка на нафта.
Производството на нафта во Русија во 2014 година порасна за 0,6%, односно 526,6 милиони тони. Извозот е помал за 4,3% (229 милиони тони). Внатрешната побарувачка на нафта годинава во Русија пораснала за 3%, до 287,5 милиони тони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче