Путин: Изминатата година ни помогна да сфатиме дека сме одговорни за нашата земја

Претседателот на Русија изјави дека годината во заминување помогнала Русите да сфатат колку е важно да се штити иднината на Русија.

Минатата 2014 година донесе случувања кои беа судбоносни за Русија. Воедно, 2014 година ни помогна на сите да сфатиме во која мера сме одговорни за нашата земја, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на 22 декември за време на отворањето на церемонијата за врачување државни одликувања.

Путин вети отпор на надворешниот притисок

„Во историјата ја испраќаме годината која без сомневање беше посебна за Русија. Таа ни донесе судбински случувања“, изјави Путин. „Имено во вакви моменти човек јасно сфаќа колку ни значи Русија, колку сме одговорни за нејзината иднина, за сето она што ни е драго и свето и што треба да го чуваме и штитиме“, изјави претседателот пред носителите на одликувањата. Тој изрази увереност дека тоа го чувствуваат сите присутни во салата, како и повеќето жители на Русија.

„Нашата вера во себе, во своите сили, се поткрепени од исклучителните примери прикажан хероизам“, истакна Путин, пофалувајќи ги припадниците на органите на редот кои својата должност ја исполнуваат ризикувајќи го својот живот.

Свечената церемонија на врачување на државните одликувања беше одржана во Екатеринскиот дворец во Кремљ. Одликувања добија 48 државјани на Русија, меѓу кои уметници, научници, лекари, политичари, економисти и најзаслужни професионалци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.