Руската војска ќе добие 50 интерконтинентални балистички ракети

Путин изјави дека една од приоритетните задачи на Русија е „развој на сите единици на стратешките нуклеарни сили“.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека следната година стратешките нуклеарни сили на Русија ќе добијат 50 интерконтинентални балистички ракети, пренесува РИА Новости.

За време на состанокот во Министерството за одбрана Путин изјави дека една од приоритетните задачи на Русија е „развој на сите единици на стратешките нуклеарни сили“.

„Тие сили се најважен фактор во поддршката на глобалната рамнотежа со кои фактички се исклучува можноста за агресија против Русија“, изјави Путин.

Претседателот на Русија додаде дека е неопходно да се продолжи модернизацијата на стратешката авијација до 2021 година. „во среднорочна перспектива - до 2021 година - треба да се модернизираат нуклеарните сили кои се базирани на земја“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња