![]() |
Русија остана без „Мистралите“ |
Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека во моментов не може да се разговара за предавање на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, пренесува ТАСС.
„Ова го изјавив неколку пати: во моментов нема доволно прогрес за да се изврши предавањето на носачите на хеликоптери“, изјави Оланд пред новинарите во Брисел.
Тој забележа дека исполнувањето на договорот ќе се продолжи само доколку бидат исполнети минските протоколи.
Оланд потврди дека руските новинари го напуштиле француското пристаниште Сен-Назер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче