Воспоставувањето примирје на истокот на Украина, каде за време на конфликтот, според податоците на ООН, загинаа над 4,3 илјади лица, успеа во голема мера благодарејќи на напорите на Москва, смета постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ, Андреј Келин.
![]() |
Во Минск ќе се разговара за примирје, не за мир |
„Денес владее доста добра, иако сѐ уште нестабилна, чувствителна ситуација во врска со примирјето. Примирјето во голема мера е заслуга на Русија, бидејќи имено руските офицери работеа заеднички со украинските војници за воспоставување на линија на разграничување помеѓу Луганската и Донецката Република и останатиот дел од Украина“, изјави дипломатот во интервју за радио „Комерсант ФМ“, а пренесува ТАСС.
Келин исто така истакна дека американските и канадските претставници безуспешно се обидувале да издејствуваат „некоја специјална политика на изолација“ на Русија во ОБСЕ. „Во Постојаниот совет прашањето за Украина постојано се разгледува. Само претставниците од Украина, САД и ЕУ по правило постојано повторуваат едно исто – ја обвинуваат Русија за сѐ што се случува, а јас самиот морам на тоа да одговарам. Меѓутоа, тоа не може да се нарече изолација, туку, пред сѐ, политички циркус“, изјави Келин.
Двете страни во конфликтот во последните неколку дена изјавуваат дека „режимот на тишина“ е воспоставен на 9 декември и дека истиот се почитува. За тоа сведочи и последниот извештај кој го објави мисијата на ОБСЕ на 10 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче