Западни медиуми: САД се подготвуваат за нова „Студена војна“ со Русија во воздухот

САД на фонот на сѐ позачестените несогласувања со Русија активно создава воено-воздушна техника, вклучувајќи и авиони-шпиони, стратешки бомбардери и воено-морски беспилотни летала, пишува The International Business Times.

Поради сѐ позачестените несогласувања со Русија, како и поради информациите за зголемувањето на воениот потенцијал на Русија, Соединетите Држави решија да ги усовршат своите борбени авиони и да започнат со производство на нови, пишува International Business Times.

Како што соопштува весникот, американската влада тесно соработува со компанијата Lockheed Martin, со која преговара за модернизирање на техниката за воено-воздушните сили на државата. Една од ќерките компании на Lockheed Martin - Skunk Works, која се занимава со создавање на нови тајни проекти, веќе подготви неколку проекти за нови бомбардери и ловци.

Претходно агенцијата Ројтерс изјави дека Skunk Works директно учествува во создавањето на суперсоничното беспилотно летало SR-72, кое е усовршен модел на претходно создадениот авион-шпион SR-71, способно да долета до било која точка на планетата за еден час.

Освен тоа, Lockheed Martin заедно со компанијата Boeing и Aerojet Rocketdyne се занимава со проектирање и создавање нови стратешки бомбардери и воено-морски беспилотни летала, во кои треба да бидат користени „стелт“ технологии и суперсонични ракети.

Како што пренесува весникот, за планираната модернизација на американската воена техника Пентагон треба да издвои трилион долари во следниве 10 години, што е сигнал дека Вашингтон се подготвува за влошување на и онака не многу добрите односи со Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња