САД се загрижени од соопштенијата за руските воени авиони на Крим

Администрацијата на САД „е доста загрижена“ поради соопштенијата кои доаѓаат од Русија околу разместувањето на руски воени авиони на Крим.

Администрацијата на САД „е доста загрижена“ поради соопштенијата кои доаѓаат од Русија околу разместувањето на руски воени авиони на Крим, изјави заменикот на државниот секретар на САД, Роуз Гетемилер, а пренесува РИА Новости.

„Не знаеме дали Русија ќе размести оружје на Крим, но сме многу загрижени поради изјавите на руските експерти за можноста на разместување на воени авиони на полуостровот“, изјави Гетемилер.

Претходно началникот на информативната служба на Црноморската флота Вјачеслав Трухачов изјави дека четиринаесет ловци наскоро ќе пристигнат на воениот аеродром Белбек на Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња