Русија ќе испорачува гас во Индија

„Гаспром“ планира да испорачува по 3,5 милијарди кубни метри течен гас во Индија годишно.

Русија во Индија од 2017 година ќе испорачува течен гас, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за PTI.

Според зборовите на рускиот претседател, компанијата „Гаспром маркетинг и трејдинг“ веќе испрати две партии течен гас во 2013 година. Долгорочниот договор за испорака на гас во Индија стапи на сила во јуни 2014 година.

„Првите испораки ќе пристигнат во Индија веќе во 2017 година. Дури и ако роковите бидат преместени, тоа ќе се случи најкасно во 2021 година“, подвлече шефот на руската држава.

„Гаспром“ планира да испорачува по 3,5 милијарди кубни метри течен гас во Индија годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.