Европски пратеник: Франција треба да ги предаде „Мистралите“ на Украина

Европскиот пратеник од Полска Јацек Саријуш-Волски изјави дека Франција нема да ги испорача „Мистралите“ во Русија“, пренесува „Газета.ру“.

Европскиот пратеник од Полска Јацек Саријуш-Волски изјави дека Франција нема да ги испорача „Мистралите“ во Русија“, пренесува „Газета.ру“.

Русија остана без „Мистралите“

„Ми се чини дека се наоѓаме во ситуација кога овие бродови нема да бидат испорачани“, изјави пратеникот. Освен тоа, тој истакна дека најоптимална варијанта би била Франција да ги предаде „Мистралите“ на Украина.

„Јасно ми е дека тоа е невозможно, но сметам дека би било најдобро да се испорачаат во Украина, бидејќи на Украина ѝ требаат истите за да го заштити брегот на Црното море“.

Претходно слична изјава даде и министерот за одбрана на Франција Жан Ив ле Дријан, кажувајќи дека Франција треба да се откаже од испораката на носачите на хеликоптери на Русија и да ги задржи бродовите за себе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња