Бугарија ги поддржува санкциите против Русија како членка на Европската унија и НАТО, без разлика на тоа што земјата страда од нив, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов, а пренесува РИА Новости.
„Бугарија сериозно страда од санкциите. Но, бидејќи сме членка на ЕУ и НАТО, ние ги поддржуваме тие санкции“, изјави Бојко.
Претходно Русија се откажа од проектот за изградба на Јужен тек, со што Бугарија ќе претрпе големи финансиски загуби. Бугарија може да изгуби до 750 милиони долари годишно според мислењето на поранешниот министер за енергетика на Бугарија Румен Овчаров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче