МНР на Русија: Зголемувањето на бројот на националисти во Радата може да доведе до продолжување на судирите во Украина

Според зборовите на претставникот на руското МНР, уште сега е јасно дека на изборите во украинскиот парламент ќе победат партиите кои се застапуваат за мирно регулирање на украинската криза.

Зголеменото присуство на националистите во Врховната рада на Украина создава опасност за возобновување на борбените дејства на истокот на државата, изјави заменикот на министерот за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин, а пренесува РИА Новости.

Според зборовите на Карасин, веќе е јасно дека на изборите во Врховната рада во Украина мнозинство ќе добијат партиите кои се застапуваат за мирно регулирање на украинската криза.

„Ова е нова можност за да се вратиме кон минските договори, но и кон другите договори кои беа постигнати претходно, бидејќи тие се сѐ уште неисполнети“, изјави тој.

Според зборовиет на Карасин, неопходно е да се прекине крвопролевањето. Тоа е основна цел и задача на секоја власт, посебно на украинската.

„Безусловно, тоа ќе се одвива во услови на сериозна внатрешнополитичка борба во самото украинско општество. И тоа што националистичките и шовинистичките сили добија значајна поддршка и ќе бидат претставени во Врховната рада создава дополнителна опасност повторно да прозвучат повиците да се користи сила, крвопролевање за решавање на сите проблеми. Тоа е многу опасно“, изјави заменикот шеф на МНР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња