Според податоците на Левада-центарот од Русија, дејноста на Владимир Путин на должноста претседател на Русија ја одобруваат 85% од граѓаните на Русија, пренесува „Интерфакс“.
Во септември годинава овој показател изнесува 86%, а во октомври – 88%. Незадоволство од работата на претседателот на Русија изразија 14% од испитаниците.
Дејноста на премиерот Дмитриј Медведев на должноста премиер ја одобруваат 63% од анкетираните, а 35% не ја одобруваат. Со работата на владата се задоволни 59% од испитаниците, а со работата на Државната дума – 48%.
Меѓи политичарите и функционерите најмногу Русите веруваат во Сергеј Шојгу (министер за одбрана), Сергеј Лавров (министер за надворешни работи), Владимир Жириновски, патријархот Кирил, Валентина Матвиенко и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
11% од испитаниците не веруваат никому, а 13% изјавиле дека не ги интересира политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче