Украина и Русија се договорија за испорака на руско гориво за украинските нуклеарни централи

Украинските нуклеарни централи ќе добиваат руско нуклеарно гориво.

Украина и Русија се договорија за продолжување на договорот, според кој руското нуклеарно гориво се испорачува во украинските нуклеарни централи. Дополнителниот договор ќе биде на сила до 2016 година. Ова го изјави шефот на украинскиот „Енергоатом“ Данко Билеј, а пренесува РИА „Новости“.

 

„Според договорот нам ни испорачуваа гориво до септември, а сега склучивме анекс-договор, кој ни овозможува дополнителни испораки до 2016 година“, изјави тој.

Претходно беше објавено дека Русија и САД ги прекинаа преговорите околу новите проекти во атомската енергетика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња