Руската делегација може да го напушти Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) ако повторно се гласа за ограничување на нејзините овластувања во 2015 година, пренесува „Известија“.
Генералниот секретар на ПАСЕ Војцех Савицки напомна дека секоја година во јануари собранието поминува преку процесот на потврдување на овластувањата на секоја парламентарна делегација, со што официјално ѝ се дава право да работи во рамките на ПАСЕ. Според неговите зборови, постои веројатно овластувањата на Русија во рамките на ПАСЕ да видат разгледувани повторно.
„Тешко ми е да одговарам од името на целата делегација на РФ. Мое лично мислење е дека во случај ПАСЕ да се реши да ги ограничи овластувањата – тогаш ќе се постави прашањето за разумноста за нашето учество во оваа организација. Ако се сеќавате, во април многу пратеници и сенатори веќе го поставија прашањето дали вреди да останеме таму.“, изјави Владимир Џабаров, дел од руската делегација во ПАСЕ, а пренесува „Известија“.
Поради ситуацијата околу Крим, во април годинава ПАСЕ ѝ го одзеде правото на глас на руската делегација. Делегацијата ја напушти салата за заседавање сѐ додека не ѝ се вратат овластувањата. Овластувањата на сите делегации се обновуваат секоја година, па затоа кратењето на овластувањата трае само до крајот на годината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче