Западни медиуми: Русија не може да избега од својата европска судбина и покрај вртењето кон Азија

Рускиот интерес за Азија во 21 век претставува во метафоричка и физичка смисла „нова етапа од континуираното вртење кон Исток“.

Сега можеби Русија се врти накај Азија, но Москва не може да замине од својата европска судбина, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, од гледна точка на историската перспектива, сегашниот руски интерес кон Истокот не е нешто ново. „Од бреговите на Тихиот океан и височините на Хималаите, Русија ќе доминира не само над делови од Азија, но и во делови од Европа“, овој цитат го пренесува весникот, додавајќи дека авторот на овие зборови не е претседателот на Русија, туку министерот за финансии кој служел во времето на царот Александар III, Сергеј Вите.

Во забелешката се кажува дека Русите „се вртеле кон Азија“ уште кога за прв пат го поминале Урал кон крајот на 16 век. Сепак, за сегашен Кремљ ваквото менување на правецот има посебна потреба, пишува весникот, забележувајќи дека распадот на СССР стана удар за руската економија и катастрофа за Источен Сибир и Далечниот Исток. Тие региони се во тешка состојба - се намалува населението. Затоа руско-кинескиот договор за гас има „силна логика“, пишува весникот.

Рускиот интерес за Азија во 21 век претставува во метафоричка и физичка смисла „нова етапа од континуираното вртење кон Исток“, додава весникот. Како и во минатото, тоа ќе се случува со децении во иднина. Русија ќе остане поврзана и со Западот, се кажува во статијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња