Најновата авионска наведувана ракета С-80ФМ, произведена од корпорацијата „Сплав“, веќе се испорачува во вооружените сили на Русија, а интерес за неа постои и во странство, јавува РИА Новости, повикувајќи се на генералниот директор на „Сплав“, Николај Макаровец.
„Моторот на ракетата е помал од тој на С-80, а тежината на полнежот е зголемена за 50%, така што ракетата е за 5 до 10 пати поефикасна. Таа веќе се испорачува во руската армија“, изјави тој.
Ракетата С-80ПФ, според Макаровец, „е меѓу најдобрите во светот во својата класа. Таа забележително ја зголемува борбената вредност на авионите или хеликоптерите и го намалува бројот на неопходни борбени летови“.
„Интерес за С-80ПФ покажуваат и другите земји. Се одржуваат работни контакти во врска со можниот извоз. Детали од тие преговори не се прецизирани“, додаде Макаровец.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.