Путин ја одби идејата за ограничување на приказите на американските филмови во руските кина

Јуриј Кара повеќепати досега давал предлог да се забрани приказот на холивудски филмови.

Претседателот на Русија Владимир Путин го одби предлогот на режисерот Јуриј Кара за ограничување на приказите на американските филмови во руските кина и телевизии, пренесува коресподент на „Газета.ру“.

„Американците вршат притисок врз нас и плукаат на масата од која „јадат“ милијарди – тоа воопшто не изгледа убаво. Сметам дека следната година треба или да ги ограничиме приказите на американските филмови, или барем 50% од прикажуваните филмови да бидат руски“, предложи Кара на средбата со Путин.

„Би било неправилно да се ограничува нашиот потрошувач и неговите желби да ги користи стоките и услугите кои би сакал да ги има. Една од тие услуги е и кинематографската продукција“, одговори Путин.

Претседателот забележа дека истовремено руските телевизиски канали и кина не треба да набавуваат американски продукти на штета на квалитетот кој го нудат на пазарот и на рускиот гледач.

Јуриј Кара повеќепати досега давал предлог да се забрани приказот на холивудски филмови. Според него, во случај да се воведе таква забрана, „Холивуд ќе изврши притисок врз Обама за укинување на санкциите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња