Генералниот секретар на НАТО изјави дека е неопходно да се воведат економски санкции против Русија

Според неговите зборови, санкциите се неопходни, бидејќи тие „ќе ѝ дадат до знаење на Русија какви се последиците за нејзиното однесување“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека економските санкции против Русија се неопходни, пренесува ТАСС.

 

Оваа изјава генералниот секретар ја даде после средбата со премиерот на Грузија Ираклиј Гарибашвили.

„Што се однесува до економските санкции, јас ги поддржувам нив. Но нема да шпекулирам за тоа какво решение ќе донесе Европската унија“, изјави Столтенберг. Според неговите зборови, санкциите се неопходни, бидејќи тие „ќе ѝ дадат до знаење на Русија какви се последиците за нејзиното однесување“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња