Француски експерт: Санкциите против Русија би можеле да предизвикаат распад на ЕУ

Економскиот притисок врз Русија не одговара на европските бизнисмени.

Вашингтон продолжува да ја користи Европската унија за своите цели, со што ја спречува Европа да изгради со Русија нов систем за безбедност на економските структури. Во краен случај тоа би можело да доведе до распад на Унијата, смета францускиот политички аналитичар Ксавиер Моро.

„САД веќе се плашат дека тоа би можело да се случи. Дури и ‘Вашингтон пост’ пишува дека земјите од Источна Европа кои биле дел од Источниот блок сфаќаат дека Русија веќе не е земја од времето на тоталитарниот комунизам, туку партнер со кој треба да се соработува. А тие не сфаќаат зошто им е потребна Европската унија. Звучи смешно, но ми се чини дека денес Украина е единствена земја која сака да биде во ЕУ“, изјави Ксавиер Моро за радио „Спутник“.

Исто така, тој додаде дека економскиот притисок врз Русија суштински не одговара на европските бизнисмени, кои и понатаму сакаат да тргуваат на рускиот пазар, и предвиде дека за две години, кога рокот на санкциите треба да истече, во ЕУ ќе биде познат бројот на земји кои ќе одбијат да ги продолжат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња