Генералниот секретар на НАТО смета дека Русија е закана за безбедноста во Европа

Тој забележа дека зачестените летови на руската авијација се закана за цивилните авиони.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Русија со својата агресивна политика во Украина е закана за Алијансата и безбедноста во Европа, соопштува „Би-би-си“.

„Таа (Русија) носи одговорност за агресијата, таа го наруши меѓународното право, таа не го почитува суверенитетот и територијалната целосност на Украина, и таа ги уништува основните на правилата и редот кој царува во Европа многу, многу години. Како резултат тешко е да се продолжи политиката на соработка меѓу Русија и НАТО онака како што сакаме“, изјави тој.

 

Тој забележа дека зачестените летови на руската авијација се закана за цивилните авиони.

„Само годинава ловците на НАТО пресретнаа руски воени авиони повеќе од 100 пати – тоа е три пати повеќе отколку за целата 2013. Второ, руските воени авиони се поагресивни: тие не соопштуваат за своите планови, не ги вклучуваат своите радија, не контактираат со цивилните диспечери. Тоа е опасност за целата цивилна авијација. Затоа ја повикуваме Русија да се однесува според општоприфатените правила за меѓународните летови“, подвлече генералниот секретар на НАТО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња