Премиерот на Русија Дмитриј Медведев за време на заседанието на Источноазискиот самит изјави дека Русија ќе издели 20 милиони долари за борба со Еболата, соопштува РИА Новости.
„Примарните мерки треба да бидат насочени на борба против треската која е предизвикана од Еболата. Русија за овие цели ќе издели 20 милиони долари. Во реоните зафатени од Еболата се испратени специјалисти, медикаменти и потрошни материјали. Се врши разработка на средства за профилактика и лекување на оваа болест“, изјави Медведев.
Досега во Русија нема ниту еден регистриран случај на Ебола.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче