„Алмаз-Антеј“ во услови на санкции потпиша договори во висина од 60 милиони долари

Рускиот концерн соработува со 13 држави кои покажале интерес за соработка.

Рускиот концерн „Алмаз-Антеј“ од почетокот на оваа година потпиша договори во висина од околу 500 милиони долари за послепродажно сервисирање на системите за противвоздушна одбрана, како и воена техника во вредност од 60 милиони долари. Ова го изјави заменикот директор за надворешно економска дејност на концернот, Вјачеслав Ѕиркалн, а пренесува „Интерфакс“.

Во моментов работиме на 33 проекти од договорите. Географијата на соработка исто така се зголеми: 13 држави се заинтересирани за соработка со нас“, изјави тој на Меѓународната авио изложба „Аерошоу Чајна-2014“.

Според неговите зборови, санкциите нема да ѝ пречат на компанијата да продолжи ефективно да работи. „Сметаме дека ќе можеме да ги исполниме задачите во рамките кои се обидуваат да ги стават околу нас нашите ’пријатели’“, изјави Ѕиркалн.

Освен тоа, Ѕиркалн истакна дека кинеските аналози на руските системи и комплекси за противвоздушна одбрана се конкурентни во однос на цена, но не и по тактичко-техничките карактеристики.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија