Русија се подготвува за долга економска „војна“ против Западот, пишува весникот The Telegraph. Како што се пренесува, Москва очекува антируските санкции да бидат укинати не порано од 2017 година, и признава дека одливот на капитал од земјата е поголем од првоначалните предвидувања.
ЦБР објави дека прогнозата за одливот на капитал од земјата годинава е зголемена од 90 на 128 милијарди долари. Исто така, ЦБР прогнозира дека растот на руската економија во 2017 година ќе изнесува 3% при благопријатни геополитички и финансиски услови. Дури и во случај на негативно сценарио, економски раст, сепак, ќе има.
Освен тоа, британскиот весник го насочува вниманието на курсот на рубљата, додавајќи дека „рубљата сѐ уште е во опасност“. Банката на Русија веќе ја „пушти“ рубљата, и таа веќе има „пливачки курс“.
Русија останува во „епицентарот на бурата“, бидејќи санкциите продолжуваат да вршат големо влијание, а падот на цените на нафтата ја менува економската слика, се кажува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.