Западни медиуми: CNN стана жртва на влошените односи меѓу Истокот и Западот

Се забележува дека соопштението за заминување на CNN од Русија коинцидира со лансирањето на рускиот меѓународен медиумски проект „Спутник“.

Американската компанија CNN стана најновата жртва на влошените односи меѓу Истокот и Западот, пишува The Sydney Morning Herald.

Претходно CNN соопшти дека планира да се врати на рускиот пазар, од кого таа мора да замине поради забраните од руското законодавство.

 

Како што пишува австралискиот весник, CNN е основана во 1980 година, а емитувањето во Русија го започна во 1993 година. Решението на CNN да замине од рускиот пазар е донесено на фонот на сѐ полошите односи меѓу Москва и Западот. Изданието додава дека неодамна неколку странски медиуми веќе ја прекинале работата во Русија, вклучувајќи ја „Руската служба на ’Би-би-си’, Deutsche Welle и Radio France Internationale.

Освен тоа, во статијата се забележува дека соопштението за заминување на CNN  од Русија коинцидира со лансирањето на рускиот меѓународен медиумски проект „Спутник“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња