НАТО реагираше на молбата да ги откупи „Мистралите“ од Франција

Осум членови на американскиот Конгрес упатија писмо со предлог до НАТО да ги откупи носачите за хеликоптери од Франција.

Претставници на НАТО го коментираа предлогот на американските конгресмени Алијансата да ги купи од Франција носачите на хеликоптери „Мистрал“ кои се наменети за Русија. НАТО смета дека тоа прашање треба да го решаваат заинтересираните земји. Ова за РИА Новости го изјави претставник од оваа организација.

НАТО очекува во текот на носењето на одлуката по ова прашање да се земат предвид сегашните односи на Алијансата со Русија.

Осум членови на американскиот Конгрес упатија писмо со предлог до НАТО да ги откупи носачите за хеликоптери од Франција. Конгресмените во писмото ја повикаа Алијансата на овој начин да ги ублажи финансиските загуби поради непочитувањето на договорот меѓу Франција и Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња