Укинувањето на нуклеарните програми во Германија ја зголеми употребата и побарувачката на јаглен во Германија. Побарувачката на јаглен достигна рекорд во последниве шест години. Поради ова, владата на германската канцеларка Ангела Меркел планира да ја засили програмата за намалување на емисијата на гасови кои доаѓаат од употребата на јагленот, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на Bloomberg.
Во случај да се реализира овој план, Германија ќе треба да го зголеми увозот на руски гас. „Важноста на гасот, а со неа и зависноста од Русија – се зголемува“, изјави Гидо Хојман, аналитичар во Metzler Seel Sohn & Co.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче