Кон Русија можат да бидат воведени нови санкции доколку Москва продолжи да ги „игнорира договорите од Минск“, пренесува Ројтерс.
Оваа изјава ја даде Бернадет Михен, претставник во Советот за безбедност при Белата куќа.
„Веќе повеќепати кажуваме дека Русија има извор. Ако таа го поддржува мирниот процес и ги почитува сите договори кои беа донесени во Минск, цената на дејствата на Русија против Украина ќе се намали. Ако Москва ги игнорира обврските и продолжи со своите опасни дејства, цената за Русија ќе порасне“, изјави Михен.
Претходно САД се заканија на Русија со изолација во случај да се признаат изборите во Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче