Производството на гас од јануари до октомври годинава во Русија е помало за 5,2% во споредба со истиот период минатата година и изнесува 516,685 милијарди кубни метри, пренесува „Интерфакс“.
Во октомври во Русија биле произведени 53,093 милијарди кубни метри гас.
„Гаспром“ во истиот период остварил производство од 346,672 милијарди кубни метри, НОВАТЕК – 44,656 милијарди кубни метри гас. Останатите гасни компани произвеле 35,967 милијарди кубни метри гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.