Макејн: САД треба да се откажат од користењето на руските мотори

Американскиот сенатор повеќепати се заложува за да се прекине со користењето на руските мотори.

Сѐ уште најголем проблем кој ја кочи Америка е зависноста од руските мотори, изјави американскиот сенатор-републиканец, Џон Мекејн. Тој забележа дека зависноста им пречи на Соединетите Американски Држави да ги исполнуваат своите планови во вселенската сфера.

„Очигледно е дека треба да анализираме како тоа да го решиме во иднина... Според мене, ние имаме голем проблем кој нѐ кочи сите нас - зависноста од руските мотори. Тоа ни пречи да ги исполниме своите обврски во вселенската сфера... сметам дека ако погледнеме наназад, со жалење ќе констатираме дека ние не успеавме да конструираме сопствени ракети“, изјави сенаторот во интервју, коментирајќи го падот на ракетата Antares и вселенскиот брод SpaceShipTwo.

Падот на вселенскиот брод SpaceShipTwo е веќе втора катастрофа која вклучува вселенски апарати неделава во САД. Во вторникот ракетата-носач Antares, со сателитот Cygnus, кој требаше да испорача повеќе од два тони товар на МВС, експлодираше за време на лансирањето на космодромот Валопс во САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња