Амбасадорот на Русија во Индија: „Сухој“ ги соборува француските „Рафали“ како комарци

Амбасадорот се чуди поради плановите на Индија да го купи францускиот авион.

Амбасадорот на Русија во Индија, Александар Кадакин е изненаден поради одлуката на вооружените сили на Индија да продолжат со реализација на планот за купување 126 авиони „Рафал“ од Франција.

Според неговите зборови, „Сухој“ со леснотија ќе ги соборува ловците кои ги произведува француската компанија "Dassault Aviation", јавуваат руските медиуми.

 „Русија сѐ уште се чуди поради фактот дека некој купува „Рафал“. Ако тој модел е предвиден да се спротивстави на пакистанските или кинеските авиони, тогаш треба да се има предвид дека авионите „Рафал“, во споредба со „Сухој“ (кој го произведуваат Кинезите и има само 50% сличност со „Сухој“ кој го произведува Индија), ќе изгледаат како комарци во августовска ноќ. „Сухоите“ нив ќе ги соборуваат како комарци“, изјави рускиот амбасадор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња