Германски новинар: Американците сакаат да дигнат во воздух нуклеарна централа во Украина и за тоа да ги обвинат Русите

Новинарот е изложен на прогон поради тоа што објаснува во својата книга како се поткупувани германските новинари од САД.

Поранешниот дописник на еден од најтиражните германски весници „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, Удо Улфокте, ја објави книгата „Купени новинари“, во која опишува како американските и германските политичари влијаат на германските медиуми, а со тоа да бидат прикажувани случките во светот на одреден начин. Од новинарите се бара нивното известување на биде, пред сѐ проамериканско и антируско, тврди Улфокте.

„Имав три инфаркта, а сега веќе не морам да ги издржува своите деца. Од ден на ден ги гледав вестите како Американците, по којзнае кој пат, подготвуваат нова војна. Овој пат во Украина, против Русија. Сето тоа е една иста игра. Дури и на најголемите глупаци им падна во очи едностраната пропаганда на САД против Москва после трагедијата на малезискиот Боинг. Постојано тоа го слушам. Тоа е неморално!“, изјави новинарот, одговарајќи на прашањето зошто сега баш одлучи да го обелодени своето мислење.

„Сега Американците размислуваат како во Украина да дигнат во воздух нуклеарна централа, а потоа да изјават дека тоа го направиле сепаратистите или Русите“, изјави Улфокте за поралот vz.ru.

„Можеби би требало и јас, како Едвард Сноуден, да отпатувам во Москва и да побарам азил. Ќе почекаме да видиме како ќе реагира раководството на банана-републиката Германија, бидеќи тие се искомпромитирани, а во мојот бестселер може да се прочита како овде се симулира слобода на печатот и дека демократијата во Германија е само илузија“, заклучи новинарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња