Лавров: Русија ќе испорача беспилотни летала за мониторинг во Донбас

Русија ќе помогне на мисијата на ОБСЕ во Украина.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија може да испорача беспилотни летала и персонал за мониторинг на ситуацијата во Донбас, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Лавров забележа дека мисијата на ОБСЕ замолила да ѝ се испорача дополнителна опрема, оклопни транспортни средства и беспилотни летала.

„Ние сме подготвени да помогнеме“, изјави Лавров.

„Во Милано подобро се разговараше за ова прашање. Ние соопштивме дека сме подготвени да дадеме придонес во опремувањето на мисијата, како со транспортни средства, така и со беспилотни летала“, додаде шефот на МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња