Повеќе од 553.000 Руси пријавиле второ државјанство

Повеќе од 553.000 Руси пријавиле во Федералната служба за миграција дека поседуваат второ државјанство, пренесено е на конференцијата за печатот од ФМС.

Повеќе од 553.000 Руси пријавиле во Федералната служба за миграција дека поседуваат второ државјанство, пренесено е на конференцијата за печатот од ФМС.

„Во моментов повеќе од 553.000 граѓани на Руската Федерација нѐ известија дека имаат и второ државјанство, дозвола за престој или друг документ кој го потврдува правото за постојан престој на територијата на други држави“, се кажува во соопштението од ФМС, а пренесува РИА Новости.

За ненавремено пријавување на второ државјанство руските закони предвидуваат казна од 500 до 1.000 рубљи (од 10 до 20 евра), напомна во ФМС. Во случај граѓанин на Руската Федерација да не пријави второ државјанство, предвидени се казни до 200.000 рубљи или 400 часа принудна работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња