Украински пратеник: Украинско-руската 360-годишна војна ќе заврши кога ќе ја уништиме Москва

Тој повика да се ракине со комунистичкото минато на Украина.

Членот на собранискиот комитет за прашања околу националната одбрана и безбедност на Украина, Јуриј Сиротјук, го повика Киев да ја уништи Москва.

„Мора да се сетиме дека се води големата 360-годишна руско-украинска војна“, изјави тој и додаде: „И војната во Донбас не се боди само поради загинатите на Мајдан, не само поради тие илјадници кои паднаа, туку и поради голодоморот, геноцидите, поради срамотите и понижувањата врз нашата нација. Тоа е војна која ќе заврши кога ќе го уништиме Кремљ и Москва, бидејќи тоа никој нема да го направи без Украина“.

Според мислењето на пратеникот, главната неволја на Украина е во тоа што властите се обидуваат да најдат компромис меѓу „советска Украина и украинската Украина“ во овие 23 години независност. Сиротјук повика да се раскине со комунистичкото минато на Украина и „да се стави точка на комунистичкото наследство, како и да се забрани Комунистичката партија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња