Лавров и Кери повикаа да се почитуваат договорите околу Украина

Лавров изјави дека средбата со кери била корисна, но и понатаму постојат разлики меѓу Москва и Вашингтон.

Државниот секретар на САД, Џон Кери и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров за време на средбата во Париз разговараа за потребата во целост да се почитуваат договорите за прекин на огнот на истокот на Украина, јавува РИА Новости.

Разговаравме за Украина и за потребата во целост да се реализираат сите 12 точки од Минскиот договор од 5 септември“, изјави Кери, истакнувајќи дека понатамошните чекори во правец на решавање на конфликтот во Украина ќе бидат одредени на самитот во Милано со учество на претседателот на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко.

Државниот секретар, исто така, изјави дека САД и меѓународната заедница нема да ги признаат резултатите на било какви избори на истокот на Украина. Според неговите зборови, Вашингтон заедно со европските партнери е „длабоко приврзан“ кон суверенитетот и територијалната целосност на Украина.

Лавров, од своја страна, изрази уверување дека неговата средба со Кери била корисна, иако меѓу Москва и Вашингтон, според неговите зборови, и понатаму постојат несогласувања. Тој повика сите да се придржуваат до минските договори околу Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња