Премиерите на Русија и Кина разговараа за заедничките проекти во вселената

Русија и Кина планираат заеднички проекти во вселената.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Кецјан, разговараа за заедничките проекти на двете држави во вселената, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Разговорот се одржал во рамките на форумот „Отворени иновации“.

Шефот на руската влада и премерот на Државниот совет на Кина ги посетија штандовите на ЕРА-ГЛОНАСС, Кинеската корпорација за аерокосмичка наука и техника, кинескиот произведувач на брзи возови Qingdao Sifang, произведувачот на бепилотни бродови Seaving, како и иновацискиот центар Сколково.

Претставникот на кинеската аерокосмичка корпорација изјави дека неговата компанија во моментов работи на летови со тешки ракети-носачи, и се надева на помошта на Русија околу тоа прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.